ВАЖНО: Веб-страница, апликација и производи на Лолита Спирова
На оваа страница ќе прочиташ повеќе за услугите и користење на платформата www.lolitaspirova.com, што вклучува, ограничувања, алатки, апликации, услуги за e-mail, пораки, место за разговор, групи, форуми, заедница, календар и мобилна апликација. Овие услови за користење на страницата, апликацијата и програмата што се креирани и обезбедени од www.lolitaspirova.com.
ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ, УСЛОВИ И ЗАШТИТА пред да започнете со користење на страницата, апликацијата или програмата. Секогаш кога пристапувате и ја користите страницата, апликацијата или програмата, се согласувате да сте обврзани со овие услови. Дополнително, секоја страница на нашата веб-страница, апликација и програми може да подлежат на дополнителни услови за користење, достапни и прегледни за вас. Со користење и испраќање на согласност за користење на дополнителна секоја страница од нашата веб-страница, сте обврзани со дополнителни услови за користење што се применуваат на таа страница. Може да се случи да се користат дополнителни услови како дополнување на овие услови.
Информации кои ги собираме?
При посетата на нашата интернет страницата, целосно се почитува Вашата приватност.
При посета на нашата страницата LolitaSpirova.com се врши обработка на Вашите лични податоци (податоци за идентификација и информации за контакт), исклучиво доколку доброволно се согласите и ги дадете при регистрирање на нашата веб страница со цел разгледување на програми кои ги нудиме и при користењена истите.
Напомена: При електронската наплата на нарачките, нашата страница нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка/ сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно преку криптирана врска.
Цел за која се користат собраните информации?
Лични податоци ги обработуваме:
- Меморирање на информациите за да не морате повторно да ги внесувате при вашата посета или следниот пат кога ќе ја посетите нашата веб страница;
- За овозможување на online купување на нашите понудни програми;
- За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и програмите што ги нудиме.
Лични податоци нема да се обработуваат за друга цел. Обработка на истите може да се врши единствено со Ваша претходна согласност.
Начин на обработката на податоци.
Обработката на Вашите лични податоци се врши согласно Зконот за класифицирани информации и заштита на приватност. Нашиот тим е обврзан да ги чува во тајност сите информации и личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.
Други информации
При посетата на нашата интернет страница од страна на корисниците, може да се евидентираат и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат за подобрување на квалитетот на страницата. Овие информации може да вклучат: името на интернет пребарувачот, тип на компјутер, технички информации за конекцијата што се користи при посета на веб страницата, IP адреси кои се различни за секој корисник на интернет и сл.
Колачиња
“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се зачувуваат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови LolitaSpirova.com го следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин собира информации за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на “Cookies” што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот (ако одобрите, а може да подесите своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата). Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
LolitaSpirova.com има право да врши ажурирање на оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време со цел заштита на нашите клиенти и посетители на веб страната. При секоја промена на политиката за приватност на личните податоци, ќе дадеме известување на веб страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност повремено да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме да не ја користите оваа интернет страницата. Континуираното користење на нашата интернет страница и следењто на промените на оваа Политика, ќе се смета за ваше прифаќање на дадените услови и промени.