Услови за користење

ВАЖНО: Оваа страница е за информативни и едукативни цели и истата не дава медицински совети

Веб-страницата, апликацијата и програмите нудат САМО едукативни информации и услуги, поврзани со здравјето, исхраната и фитнесот.

Никогаш не треба да се потпирате на овие информации како замена за: медицински совети, дијагноза или терапија. Ако имате прашања поврзани со вашето здравје секогаш консултирајте се со вашиот лекар. Не занемарувајте го советот од вашиот лекар поради нешто кое сте го прочитале на нашата страница или нашите услуги. Ништо наведено или објавено на веб-страницата, апликацијата или преку програмите не е наменето и не смее да се смета за медицински совет. За пријавување на индивидуални програми за исхрана е потребно консултација и одобрување од вашиот лекар! Развојот на медицинските истражувања може да влијаат на темите за здравје, фитнес и исхрана што се дискутираат на оваа веб-страница и не може да даде гаранција дека информациите кои ќе ги прочитате тука ги вклучуваат најновите наоди. Ако се потпирате на некоја информација на нашата веб-страница, апликација или програма, како наши клиенти или посетители на нашата страница и апликација, тоа го правите исклучително на ваша сопствена одговорност.

ОПШТО

  1. Веб-страница за здравје, исхрана и фитнес.
  2. Регистрирана корисничка сметка на com
  3. lolitaspirova.com е веб-страница и апликација во СОПСТВЕНОСТ И АВТОРСКО ПРАВО на lolitaspirova.com што значи било кои датотеки, текст, информации, податоци, кориснички имиња, слики, графики, фотографии, профили, врски и друга содржина или материјал кој има за цел да се ископира и да се злоупотреби се строго забранети и истите подлегнуваат под кривична и материјална одговорност.
  4. ‘’Програма’’ – значи дигитален курс за исхрана и фитнес купен преку веб-страницата lolitaspirova.com или апликацијата.
  5. ‘’Продавач’’ – значи личност од која купувате – Лолита Спирова .
  6. ‘’Софтвер’’ значи апликација што корисникот може да ја користи на компјутер, телефон или таблет со цел да ги користи програмите.

 

Услови за користење

Се согласувате дека lolitaspirova.com не е одговорна за, и не одобрува ниту следи, уредува или отстранува содржина од трета страна. lolitaspirova.com нема никаква обврска да прегледува, следи, уредува или отстранува содржина од трета страна. Ако вашата содржина ги прекршува нашите услови и политика на приватност, може да сносите правна одговорност за таа содржина.

 

  1. Може да ја користите нашата веб-страница и програма само во согласност со нашата политика и услови на користење.
  2. Вие сте одговорни за секоја активност која ќе се случи преку вашата сметка и се обврзувате дека нема да го препродавате нашиот продукт, пренесувате, лиценцирате или доделувате ваши кориснички сметки, корисничко име или било какви други права на сметката. Со исклучок на луѓе или бизнис кои се овластени од страна на нас, да креираат сметки со друго име, односно во име на нивните вработени или работодавци, lolitaspirova.com забранува создавање и креирање на сметка за некој друг освен за себе лично. Вие исто така потврдувате дека сите информации кои ги давате се точни и целосно се согласувате да ги ажурираме вашите информации и да ги заштитиме.
  3. Се согласувате дека нема да барате, собирате или користите најавување на други корисници на lolitaspirova.com
  4. Вие сте одговорни да ја чувате вашата лозиника во тајност и безбедност.
  5. Сите врски/линкови споделени на програмите, се ваша одговорност и ние не превземаме никаква одговорност за било какви врски од трети страни кои ќе ги споделувате на нашите порграми. Доколку откриеме, дека линковите што сте ги споделиле се од трета страна и не се во согласност со условите и политика на користење на нашите услови и правила, ќе бидете отстранети од програмата.
  6. Не смеете да клеветите, демнете, малтретирате, злоупотребувате, вознемирувате, заканувате, именувате, заплашувате луѓе, објавувате приватни и доверливи информации од програмите. Доколку откриеме дека го правите тоа, ќе ја избришаме твојата сметка и ќе ве пријавиме до релевантните органи,
  7. Не смеете да ја користите програмата за незаконски и неовластени цели.
  8. Вие сте единствената одговорна личност за вашето однесување и содржина која ја споделувате, објавувате и прикажувате на или преку програмите.
  9. Не смеете да ја менувате, именувате и прилагодувате нашата веб-страница или програма со друга веб-страница за лажно имплицирање дека се поврзани со нашата програма.
  10. Не смеете да испраќате или креирате навредливи содржини преку пораки, коментари на било кој корисник на lolitaspirova.com.
  11. Информации за регистрација
  12. Мора да креирате сметка, преку веб-страницата за да ја користите програмата, односно со секое регистрирање добивате пристап каде вие сами си креирате корисничко име и лозинка.
  13. Пријавите и регистрациите се прават со вашите емаил адреси. Сите информации, пакети, попусти, изестувања се испраќаат преку вашите е-маил адреси. Доколку не сакате да добивате никаква содржина од нас, тоа може да го направите со следење на инструкциите на вашиот профил.
  14. Мора да имате најмалку 16 + години за да се приклучите на програмите.

Групните програми/предизвици можат да ги користат исклучиво здрави личности и само тие можат да се приклучат на групните предизвици и да ја користат програмата. Доколку се вклучи во групен предизвик, личност за која менито од овој предизвик не одговара и се појават дополнителни здравствени компликации, тимот на lolitaspirova.com не сносат никаква морална и кривична одговорност.

 

Поништување и Рефундирање на средства

Оваа политика на приватност се применува за откажување, поништување и рефундирање на средства и се применува за сите претплати и производи купени преку наплатата на веб-страницата lolitaspirova.com.

Потврдувате дека lolitaspirova.com обезбедува платформа за корисници да купуваат производи од продавач и дека е склучен договор помеѓу вас и продавачот, НЕ помеѓу вас и lolitaspirova.com.

Доколку купувате производ од lolitaspirova.com наплата, прифаќате дека:

  1. Купувате производ директно од продавач.
  2. Можете да не контактирате пред да го купите производот.
  3. Испораката на производот (пристап до програмите) се врши веднаш по уплатата.
  4. Еден циклус трае 28 дена, а се обновува на секои 14 дена. На сите дигитални содржини го губите вашето 14 дневно право за откажување бидејќи веднаш можете да ја видите новата содржина. Доколку сакате да ја откажете месечната претплата потребно е тоа да го направите 14 дена пред истекот на програмата.
  5. Претплата можете да ја откажете најкасно 14 дена пред почетокот на следниот циклус. Во спротивно неможете, затоа што таа ќе се обнови при крајот на тековниот период од 24ч. Имајте во предвид дека секоја наплата се обновува автоматски.

Доколку корисникот не е задоволен од продуктот и целосното искуство на платформата, може да поднесе жалба и барање за поврат на парите на support@lolitaspirova.com, а тимот на lolitaspirova.com го задржува правото да го разгледа барањето и да одлучи дали парите ќе бидат вратени и барањето за поврат е основано.

По купувањето ќе ви биде испратена потврда, преку е-пошта за купување или е-пошта за добредојде.

lolitaspirova.com не чува никакви детали за купување или информации и податоци од корисниците.

 

Права и сопственост

  1. lolitaspirova.com Не бара сопственост на која било содржина што ја објавувате на/или преку програмите.
  2. Програмите се во сопственост на lolitaspirova.com и се лиценцирани од lolitaspirova.com, вклучувајќи ја и апликацијата, е-книгите, содржините, лого, трговски тајни, заштитни знакови, се забранува споделување на истите и помеѓу членовите во групата. lolitaspirova.com ги задржува сите права на содржината и програмите. Нема да отстранувате, менувате или прикажувате било какви авторски права, трговска марка/ознака, програма или друга информација.
  3. Името на програмите и логото се бренд и заштитни на lolitaspirova.com и истите не смеат да се копираат, имитираат или користат делумно или целосно без претходна писмена дозвола од lolitaspirova.com.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите на Условите за користење на lolitaspirova.com. Доколку не се согласувате со овие Услови за користење, ве молиме да не ја користите оваа интернет страницата. Континуираното користење на нашата интернет страница и  следењто на промените на овие Услови за користење, ќе се смета за ваше прифаќање на дадените услови и промени.

Your Cart

No Item Found
Subtotal 0.00ден
Shipping 0.00ден
Tax 0.00ден
Total 0.00ден
0