КРАЛИЦЕ ДОБРЕДОЈДЕ ВО СВЕТОТ НА НАШЕТО КРАЛСТВО 👑

од Лолита Спирова

‘‘ЗДРАВ ЖИВОТЕН СТИЛ НЕ Е САМО ЦЕЛ, ТОА Е НАЧИН НА ЖИВОТ!‘‘

Започни го својот нов пат кон посилна и здрава верзија на самата ти. Замисли го секој оброк како начин кој го негува твоето тело, и како исхраната е твојот бензин за енергија и успех. Секој тренинг е чекор кон подобра физичка состојба и посилена ТИ. Почни денес и не го одложувај својот најдобар живот! 💪🥦

Зошто треба да ни се придружиш:

  1. Здравје и долготрајна добра форма: Фитнесот ќе ти помогне да го подобриш твоето здравје и физичка благосостојба. Со редовната физичка активност го намалуваш ризикот од болести и заболувања и го засилуваш имунолошкиот систем.
  2. Подобра енергија и расположение: Здравата исхрана ќе ти даде дополнителна енергија и ќе го подобри твоето расположение. Ќе се чувствуваш и посилно и подготвена за секој предизвик од животот.

  3. Подобрување на телесната композиција: Редовниот тренинг ќе ти помогне да го изгубиш вишокот килограми и да го обликуваш телото. Ќе зголемиш мускулна маса и ќе го намалиш масното ткиво.

  4. Долгорочни користи: Промената на животниот стил и фитнесот не се само краткорочни трендови, тие се инвестиција во твоето долгорочно здравје и среќа.

ПРЕПОРАКИ

5/5
Ми го промени животот. За помалку од една година успеав да намалам цели 65 кг. Денес живам во ново тело, здрава јас и уште повеќе мотивирана за нови успеи! Јас сум многу среќна што започнав со тебе Лолита. Ме научи како треба правилно да се исхранувам, зошто да вежбам секој ден, довиав несебична поддршка во секое време од тебе а и научив многу за храната. Не сум гладна, вежбам секој ден и сум најсреќна! Те одбрав затоа што си пред се образована, културна и многу фина девојка. Те обожавам кралице.
Виолета Маркоска
Дали сум спомнала до сега колку многу сум среќна? Навистина, едноставно помина толку многу време како се чуствувам многу среќна - а денес плачам. Секој сантиметар кој го намалив од моето тело, е тежината која ја носев на моите раменици со години. Моите 40 кг се веќе минато. Продолжувам напред ... Држете ми среќа!
Ружица Миленкова
Толку многу сум горда на себе и никогаш повеќе не сакам да се врата на старо! Ти благодарам многу Лолита. Јас со двата летни предизвици успеав да намалам вкупно 12 кг и сум прегордна на моите резултати. Мојата цел не завршува тука и продолжувме кон нови успеси и нови резултати!
Кате Мојсовска

Што добиваш со оваа програма?

4 НЕДЕЛЕН ПЛАН ЗА ИСХРАНА

Персонализирано мени. Шарено и богато мени, прилагодено и пресметано според вашите потреби и цели.  Брзи за подготовка, со вкупно 50 минути подготвени сите оброци за цел ден. Пред се економични и прилагодени на нашите стандарди. Пријателски за буџетот + лесни за правење оброци (psst! подготовка за оброци за да заштедите време. Во менито за исхрана добивате плус бонус рецепти за здрави десерти.

ПРИРАЧНИК И ЕДУКАТОР ЗА ИСХРАНА + ОРГАНИЗИРАЊЕ ОБУКИ ЗА ЕДУКАЦИЈА ВО ГРУПА

Голема предноста е да знаеш и научиш нешто повеќе за твојата состојба. Во овој едукатор детално е опишано што му е потребно на твоето тело за да оздрави. Какви додатоци на исхрана е потребно да користиш, кој суплимент со кој најдобро е потребно да го комбинираш и уште многу слични информации на оваа тема. Во прирачникот добивате вовед во програмата, па тука ќе научите од дефиниција за храна до кој прехранбен производ со кој можеш да го замениш. Како треба правилно да ја читаш етикетата и што да избегнуваш при пазарење.

НЕДЕЛНИ ПРЕДАВАЊА И НАША ЗАЕДНИЧКА ГРУПА НА НАШАТА ПЛАТФОРМА

Достапност и поддршка на вибер и консултации преку телефон ќе останат и ќе имате можност секогаш за некое нејасно прашање да ме исконтактирате. Местото каде последните две години создадов вистински пријателства кои траат до ден денес беа нашите заеднички групи. Од тамо испишавме многу успешни фитнес приказни! Затоа КРАЛИЦИ мои овој пат ќе имаме група на нашата платформа и сите на едно место ќе се дружиме таму. Продолжуваме да пишувме и да го градиме нашето кралство затоа што јас верувам во љубов!

Прашања и одговори

Доколку имаш висока динамика во денот, немаш доволно време за организирање за  да посетуваш фитнес сали, без разлика дали си почетник или напреден вежбаш lolitaspirova.com е вистинската платформа за тебе. Програмата можеш да си ја користиш од секаде, во било кое време во денот, со или без опрема.

За да се претплатите потребно е да поседувате валидна дебитна или кредитна картичка (Master Card & Visa) со која можете да вршите онлајн плаќања. Плаќањето е безбедно и се врши во неколку брзи чекори. За да можете да ја извршите уплатата ќе биде потребно да креирате ваш кориснички профил со важечка емаил адреса (за да го активирате профилот) и лозинка. Откако ќе биде успешно плаќањето, ви стигнува потврда на емаил и ќе бидете директно пренасочени на вашиот кориснички профил. Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот. 

Добивате цела социјална платформа. Кориснички профил, во кој имаш пристап само ти. Внатре имаш опција да:

  • Си ја следиш програмата и да си го следеш процесот на трансформација со прикачување на слики во кои имаш само ти пристап.
  • Тренинзите и лекциите ти започнуват од Лекција 1, секоја трета недела ти се појвуваат нови тренинзи.
  • Менито за исхрана исто така се наоѓа на твојот профил и истото можеш месечно да го менуваш и да одбереш мени во калориски дефицит/суфицит.
  • Сега можеш да си пишуваш на онлај чет со кого сакаш во групата.
  • Можност да поставуваш прашања, да не мотивираш и да не поддржуваш преку статус кој ти ќе го креираш на платформата.
  • Целата група ни е веќе на едно место на нашата платформа, а таму ќе ги следиш сите денови за едукација и можност да научиш повеќе.
  • Сертификат за завршено успешна трансформација.
  • Стани VIP член и добиј специјална обука, попусти и можност да заработиш пркеу платформата.
  • И уште многу друго.

Претплатата чини 690 денари и наплатата се врши со автоматско повелкување од вашата платежна картичка секој месец на денот на уплатата (тоа значи дека ако вие сте се зачлениле на 26ти во месецот прв пат, секој месец на овој датум системот автоматски ќе ви направи нова наплата за нов месец).

Многу лесно и едноставно. На вашиот кориснички профил имате копче, на кое можете да ја откажете претплатата во било кое време. Пристапот до платформата е активен и ви важи до датумот пред истекот на месецеот од кога сте ја започнале/купиле програмата. 

Добиваш вкупно 115 рецепти. На платфромата си одбираш какво мени сакаш да добиеш и имаш две опции:

  • мени во калориски дефицит и;
  • мени во калориски суфицит.

Откако ќе го одбереш менито ти се појавуваат сите рецепти. Менито секој месец можеш да си го променуваш и прилагодуваш според твоите потреби, односно ако во Лекција 1 си одбрала мени во калориски дефицит, во Лекција 2 можеш да го промениш и да одбереш мени во калориски суфицит. Следно добиваш план за оброк. Пријателски за буџетот + лесни за правење оброци (psst! подготовка за оброци за да заштедите време!)

Вежбите кои ги добивате се прилагодени за почетници и напредни вежбачи. Со претплатата имате можност да комбинирате повеќе вежби и тренинзи. Секоја трета недела ви се отвара нова Лекција па така секогаш ќе можеш да бираш тренинзи и да комбинираш. Нови тренинзи се додаваат цело време на платформата и старите не се бришаат, па имаш можности да комбинираш и да бираш цело време.

Здрав животен стил не е само цел, тоа е начин на живот. Ќе имаш загарантирани долгорочни резултати! Промената на животен стил и фитнесот не се само краткорочни трендови, тие се инвестиција во твоето долгорочно здравје и среќа. Магијата може да започне!

Програмата може да ја користи секој кој нема никаков здраствен проблем. Доколку имате здраствен проблем тогаш вие сте за индивидуалната програма, која ќе биде изработена според вашите потреби.

Како функционира и се користи програмата

Пријава и уплата

Пријавата и регистрацијата се прави преку клик на копчето ”ПРИЈАВИ СЕ”. Уплатата се врши со дебитна или кредитна картичка со која  може да се плаќа онлајн. При уплатата, немој да брзаш. Внеси ги сите податоци, провери дали се точни и кликни ‘‘КУПИ СЕГА‘‘. 

Креирање свој сопствен и личен профил

Откако ќе се пријавиш и ја извршиш уплатата следниот чекор е создавње или креирање на сопствен и личен профил. Од секогаш сум сакала сите информации да си ги имате на платформата и така овој пат ништо не добиваш на емаил и сите информации ти се на едно место на твојот профил.

ДОЖИВОТЕН ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ

Доживотен пристап до сите материјали на програмите. Профилот и програмата ти се достапни нон-стоп или додека ти важи претплатата. Можеш да ги користиш од телефон, лаптоп или таблет. За да се вклучиш, треба да ја посетиш веб страната https://lolitaspirova.com/ и десно да кликнеш на копчето ”Најави се”.

Your Cart

No Item Found
Subtotal 0.00ден
Shipping 0.00ден
Tax 0.00ден
Total 0.00ден
0